Реклама
TV

Годините си го направија своето: Погледнете како изгледа денес убавиот Езел по кого лудуваа жените (ФОТО)

Езел се уште е атрактивен како и пред десетина години...

Реклама

Црномурестиот турски актер Кенан Имирзалиоглу македонската јавност го памети по улогата на Езел.

фото инстаграм/Кенан Имирзалиоглу

Турските серии беа многу популарни на нашите простори во изминатата деценија, а една од најпопуларните беше токму Езел.

Маркетинг

фото инстаграм/Кенан Имирзалиоглу

Серијата за Езел, била инспирирана од романот „Грофот Монте Кристо“ од Александар Думас, која ја донесе приказната за Омер Учар, кого неговите поранешни пријатели го поставиле да ги плати нивните злосторства и да оди на доживотен затвор.

Маркетинг

фото инстаграм/Кенан Имирзалиоглу

Додека бил во затвор, тој поминал години смислувајќи како да избега и да им се одмазди. Тој успеа да се најде на слобода и стана Езел Барјактар, успешен бизнисмен кој е подготвен да плати за 12-те години поминати зад решетки.

фото инстаграм/Кенан Имирзалиоглу

Оваа улога која воедно и го прослави ја играше Кенан Имирзалиоглу, еден од најпопуларните турски актери, а малку е познато дека има аристократско потекло.

фото инстаграм/Кенан Имирзалиоглу

Кенан, имено, потекнува од Узун Хасан, кој бил султан во династијата Ан Којунлу.

фото инстаграм/Кенан Имирзалиоглу

Кенан отсекогаш важел за еден од најатрактивните турски актери кој го привлекува вниманието на дамите, но својот приватен живот успевал долго да го крие од јавноста. Меѓутоа, кога ја пронашол вистинската љубов, повеќе не можел да ја крие.

фото инстаграм/Кенан Имирзалиоглу

фото инстаграм/Кенан Имирзалиоглу

Од мај 2016 година, тој е во брак со актерката Синема Кобал, која исто така глуми во многу популарни турски серии и филмови.

фото инстаграм/Кенан Имирзалиоглу

Тие двајца денес имаат две деца: ќерката Лалин, родена 2020 година и малата Лејла, која неодамна го прослави својот прв роденден, пишува glossy.rs.

фото инстаграм/Кенан Имирзалиоглу

По Езел, Кенан играше во неколку успешни проекти, од кои некои се сериите Карадаџи, Алеф и бројни филмови, а од 2019 година ја води турската верзија на квизот Дали сакате да станете милионер?

фото инстаграм/Кенан Имирзалиоглу

Откако е активен на Инстаграм, неговите фанови од целиот свет имаат можност да видат дека и денес по повеќе од една деценија по снимањето на Езел, Кенан се уште е неодолив.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button