Реклама
TV

Што прават Македонци во документарецот на НЕТФЛИКС за лажна кредитна картичка за биткоини?

Во криминалната приказна одеднаш се појавуваат кадри од Скопје!

Реклама

Во еден од поновите документарни филмови објавени на платформата за филмови „Нетфликс“ , на почетокот од годинава се појави документарецот „Bitconned“.

Се работи за американска фирма наречена „Centra“, која создава нов изум платежна картичка за криптовалути. Се ќе беше во ред овој изум да не беше цел за измама на бројни граѓани низ светот кои наседнале на лажната картичка и биле ограбени од фирмата.

Маркетинг

Во документарецот се прикажани ликовите кои се мозокот на ова криминално дело.

Но и херојот на приказната, врвниот новинар „Њујорк Тајмс“ кој ќе ја открие целата драма за јавноста.

Маркетинг

Откако првично ги бара за да направи класично интервју со цел да ја промовира оваа идеја, на новинарот нешто му станува сомнително, па почнува подлабоко да копа во целиот случај. На крајот ги разоткрива сите сплетки и злодела кои се направиле под маската на луксузната компанија „Centra“.

Во криминалната приказна одеднаш се појавуваат кадри од Скопје!

Многумина од гледачите кои веќе го изгледале филмот изненадени кога ќе ги видат двајцата Македонци, програмери кои биле дел до криминалната мрежа. Од тука, од Скопје работеле за оваа компанија.

МАРТИН

 

ФИЛИП

Но, не е наше да ви го раскажеме филмот. Еве кои се дечките кои се појавуваат во документарецот. Ова е само тригер , а за тоа дали вие ќе одлучите да го изгледате цел филм оставаме на вас.

Доколку некој ги познава момциве ќе бидеме благодарни да ни помогнете како медиум да стапиме во контакт со нив.

 

Ееве дел од коментарите на социјалните мрежи од оние кои го погледнале филмот.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button