Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледа куќата во која живее Мики Секуловски – пејачот конечно откри и дали има девојка

Неговиот одговор ги изненади сите, посебно дамите

Реклама

Мики Секуловски ги изненади своите верни фанови со гостувањето во една емисија што деновиве се врти на Јутјуб.

Станува збор за емисијата Тренд лалф од една локална телевизија, а во која водителката беше гостинка во домот на Мики во Велес.

Пејачот видно расположен разговараше со неа на најразлични теми, но откри и дали има посебна причина за доброто расположение.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Тренд лајф

Имено, на прашањето на водителката дали има девојка, Мики најпрво се замисли, па рече дека не би сакал да одговори на ова прашање, по што на коментарот на водителката дека не сака ништо да открие пред камерите, Секуловски сепак откри дека нема ништо сериозно и дека се уште е рано да открива повеќе детали.

Маркетинг

„Има нешто, ама не е сериозно?“ го праша дополнително водителката, по што Мики одговори потврдно, но потоа на прашањето што ако го слуша девојката, што ќе рече, пејачот во шега од шармантната водителка побара да се избрише овој дел од емисијата за да си нема проблеми од девојката чиј идентитет не сакаше да го открие.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Тренд лајф

Инаку, Мики во последно време е во центарот на вниманието заради неговите генијални настапи во „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Тренд лајф

Така беше и во последната емисија кога направи лом на сцената, а уште од самиот почеток важи за еден од фаворитите во шоуто.

Фото: Инстаграм/ Мики Секуловски

Во продолжение погледнете и еден од неговите најдобри настапи во шоуто, но и целата емисија „Тренд лајф“ снимена во неговиот дом.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button