Реклама

Коментари

 

Правила за коментирање 

Нашата редакција подготви некои правила според кои утврдуваме дали некој коментар објавен под некој наш текст содржи прифатлива или неприфатлива содржина. Овие правила одвреме-навреме можат да бидат ажурирани, па затоа прочитајте ги пред да објавите коментар на нашиот сајт или Фејсбук страница.

Вашето мислење е добредојдено

Вашето мислење е добредојдено. Сакаме нашите читатели да видат и да слушнат различни мислења, и секако дека не мора во сé да се согласуваме. Сепак мора да постојат и некои правила до кои треба сите да се придржуваме. Сите треба да бидеме одговорни и да внимаваме никого да не повредиме со нашите постапки, но тоа не значи и дека не треба да коментираме. Коментарите придонесуваат да се развие дискусија околу било која тема, затоа најдобро е да го објасните вашето мислење, наместо само да кажете дали се согласувате или не. Освен ако немате некој шеговита реченица поврзана со темата.

Не заборавајте, вашиот коментар може секој да го види

Откако еднаш ќе го објавите вашиот коментар, истиот секој што има пристап до интернет може да го прочита. Затоа ве молиме да бидете јасни како некој погрешно не би го разбрал вашето мислење.

Вашиот коментар, исто така, може да биде оценет од страна на други корисници и истиот може дополнително да развие дискусија. Можете да изразите поинакво мислење, но не претерувајте.

И она најважното, не заборавајте дека законски сте обврзани за она што ќе го објавите. Размислете добро како другите би можеле да го разберат вашиот коментар и дали со истиот би можеле некому да му наштетите. Многу различни типови на луѓе можат да го видат вашиот коментар, од најразлична возраст. Затоа обидете се да бидете пристојни.

Нормална комуникација

Ве молиме да бидете љубезни. Не користете пцовки или груб и сексистички јазик. Дозволено е да коментирате само на македонски јазик. Вашите објави треба да се поврзани со темата. Исто така не смеете да ги навредувате другите што коментираат, ниту пак оние што ја создале содржината, како и да коментирате за отстранување или тргање на било која содржина на сајтот, или суспензија или отстранување на било кој корисник. Доколку сакате да поразговарате за начинот на работа на сајтот, направете го тоа преку нашата е-пошта (info@glamur.mk) или пишете ни порака на нашата официјална Фејсбук страница.

Пријавете злоупотреба

Силно ја поддржуваме заедницата на Гламур со сите наши читатели и сакаме да допринесеме за повисоки стандарди посебно кога станува збор за коментарите на социјалните мрежи. Доколку сметате дека некој коментар не е во склад со овие правила или нашите услови, ве молиме да ја користите одредената интернет алатка за пријава на злоупотреба која се наоѓа веднаш под спорниот коментар (ова се однесува за коментарите на Фејсбук).

Нашите контакти треба да ги користите само кога имате некоја сериозна жалба, а не затоа што не се согласувате со нешто што е речено.

Без клевета и други злоупотреби

Не смеете да давате или поттикнувате коментари кои се клеветнички, лажи или создаваат заблуда. Исто така не смеете да навредувате, да се заканувате, ниту пак да пишувате навредливи, расистички, сексистички, хомофобични или дискриминаторски коментари кон било која религија или група,

Почитувајте ја приватноста

Исто така треба да ја почитувате приватноста на луѓето и не е дозволено да испраќате доверливи или приватни информации.
На пример не е дозволено да споделите телефонски број, адреса, интернет пошта или било кој контакт од било кое друга лице

Отстранување на содржини

Коментарите на читателите кои што не се во согласност со овие правила или се предмет на пријава за злоупотреба можат да бидат отстранети. Понекогаш коментарот може да биде отстранет затоа што е поврзан со друг коментар што не е во духот на нашите правила за коментирање. Од друга страна, се надеваме дека ќе разберете, кога правилно ќе бидеме известени за жалба, можеби ќе мораме да отстраниме коментар од правни причини.

Коментари што ќе бидат отстранети

Покрај коментарите што ги кршат нашите правила го задржуваме правото да ги отстраниме и сите коментари кои не го почитуваат духот и тонот на нашата заедница. Исто така го задржуваме правото и да блокираме секој корисник кој не се придржува до овие правила и услови. Овие забрани се однесуваат за екстремни случаи и оние што ја повторуваат сериозната злоупотреба.

Back to top button