Маркетинг
Најдобриот и најшармантниот македонски портал за мода!
Порталот Гламур според сите статистички показатели е еден од најпосетуваните портали за мода и шопинг во регионот. Станува збор за портал со веќе препознатлив став и високиквалитетни, секојдневно освежувани содржини кои се најчесто од областа на модата, козметиката и шопингот и кои таргетираат публика од 20 и повеќе години, претежно од женскиот пол и со изразен интерес за овие содржини. Во 2015 лансиравме нова верзија на порталот кога покрај класичните рубрики донесовме и неколку новини – рубрики наменети за ПР текстови за одредени производи како и рубриката блогерија која е прва од ваков тип во Македонија. Во септември 2016 пак започна со работа и градскиот водич WHERE, платформа која на едно место ги обединува најдобрите продавници, ресторани, хотели и барови во Македонија, која воедно беше и прва од ваков тип во Македонија. На почетокот на 2018 направивме комплетно ребрендирање и официјално од дестинацијата stipka.com.mk на која што бевме во претходните 8 години (од 08/09.2011), преминавме на новата мултимедијална платформа (GLAMUR.MK) и приказната ја продолжуваме со еден нов, урбан, непретенденциозен, но потполно афирмативен и забавен свет наменет за секоја генијална жена, но и за мажи кои можат да ги разберат истите.
Мултиплатформа
Новата верзија на порталот која е лансирана паралелно со официјалното преминување на нова интернет адреса (14 февруари 2018) преставува технолошко унапредување и нов софистициран дизајн кој подеднакво добро изгледа и функционира на сите екрани и уреди.
Повеќе од 100 успешно организирани кампањи
Во изминативе 10 години на нашиот портал се огласуваа речиси сите релевантни модни и козметички брендови. Досега заедно со нашите партнери и маркетинг агенции со кои соработуваме имаме организирано преку 100 успешно одработени десктоп, мобилни и ПР кампањи и наградни игри.
Маркетинг и огласување
Сите прашања поврзани со соработка, медиумско покровителство и организација на наградните игри испраќајте ги на marketing@glamur.mk или јавете се на (02) 6092032
На телефонскиот повик одговараме веднаш, на е-маил во рок од 24 часа.
Директор за продажба и маркетинг
Горан Младеновиќ
071.318.485
Изработка и одржување Aidemedia, Hosted by Vion, Skopje