Реклама
Стил

Испливаа стари фотографии од проф. Гордана – ќе се изненадите, не сте ја виделе во вакво издание

Неколку детали за професорката која има најголеми шанси да биде првата дама претседател на Македонија.

Реклама

Која е Гордана Силјановска-Давкова во приватниот живот?

Таа денес на чекор до победа да стане првата жена претседателка на Македонија, но во јавноста е позната веќе со децении.

Нејзините родители по потекло се од Кичево, а родена е во Охрид. Детството ќе го помине во Скопје, а една нејзина стара објава на Фејсбук, што ја има објавено пред неколку години, покажува колку е горда на својот татко, Александар Силјановски, кој бил партизан.

Маркетинг

Малкумина знаат и дека таа е вегетаријанка, но и дека практикува јога, а и голем љубител е на добрата музика, посебно рокенролот.

Маркетинг

Гордана со својот сопруг Благоја е во брак повеќе од три децении, а круна на нивната љубов се двете деца, ќерката Марија и синот Павле.

За време на кампањата на нејзиниот Фејсбук профил има објавено бројни фотографии и снимки од претседателската кампања, но на социјалните мрежи се уште се вртат и оние постарите, кои беа актуелни и на претходните избори, а од кои можеме да видиме како нашата можна идна претседателка изгледала во младоста.

Имено, оваа жена со импресивна биографија, а како изгледала во младоста и дали премногу се променила, погледнете во продолжение…

Во продолжение погледнете и некои од новите модни изданија на професорката која му е „ноќна мора“ на нашиот претседател Пендаровски.

Потсетуваме, професорката за прв пат во светот на политиката влегува во 1992, кога е министерка без ресор, и тоа во првата влада на Бранко Црвенковски. Таа на оваа функција ќе остане до 1994 година, а претходната, односно во 1993 година ќе докторира со почести на Универзитетот во Љубљана.

Таа е основач на првиот Совет за европското движење во Македонија, а од 2012 до 2016 беше член на Венецијанската комисија за малцински прашања.

Од 2004 година е редовен професор на Првниот факултет во Скопје, а како професорка по уставно право за време на студентските протести во 2014 година беше една од најистакнатите членови на професорксиот пленум во обид да ја одбрани автономијата на универзитетот кога се носеше спорниот Закон за високо образование.

Таа на претходните претседателски избори беше единствената жена кандидат, а на овие има големи шанси да го победи својот „ривал“, претседателот Стево Пендаровски и да влезе во историјата како првата жена претседател на Македонија.

Фото: Фејсбук

Бонус видео

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button