Реклама
Наши ѕвезди

Беше пронајден мртов 10 дена откако го посети Боки 13 – шокантен детаљ за познатиот текстописец

Неговиот татко се сомнева дека е убиен?!

Реклама

Се уште не стивнуваат реакциите по гостувањето на Бојан Јовановски во подкастот кај јутуберот Стефан Лазаров.

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, прв пат застана пред камерите по излегувањето од затворот.

Тој реши да гостува во подкастот кај Стефан Лазаров, а работите за кои што зборуваше таму многумина оставија без зборови.

Маркетинг

Имено, тој го опиша својот затворски живот, но зборуваше и за делата за кои што беше осуден изнесувајќи шокантни информации што јавноста досега не ги знаеше. Па така тој во интервјуто посочи дека Венко Филипче заедно со Зоран Заев сакале да ја продадат болницата 8-ми септември, но искажа пикантерии и за многу други познати лица како од светот на политиката, така и од бизнисот.

Маркетинг
Инстаграм/ Бојан Јовановски

Тој зборуваше и за своето здравје и дека останал 90 % вез стомак и дека се уште учи да живее со тоа, но и дека секогаш мора да ја носи терапијата со него бидејќи секоја компликација може да му го загрози животот.

Се присети и на најтешките моменти во затворските ќелии, но не заборави да ги спомене и оние што му помогнале во тие тешки моменти.

Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

Не можете ни да замислите како изгледаат затворските денови, морбидно. Без поддршка на родителите не би издржал ни половина и не би бил тука каде што сум сега. Во затворот научив ако ништо друго како будалите да ги оддалечам од себе. Имав психијатри додека бев во болница, паѓав во големи кризи, сепак, пет години далеку од слободата многу влијаеше на мене. И лајф коучевите ми помогнаа. На сето што ми се случуваше таму, во еден момент дознав дека почина Марина Туцаковиќ. Тоа многу тешко ми падна, бидејќи ние бевме многу добри. Тоа беше една жена што ме сакаше безусловно, првата работа што ќе ја направам кога ќе одам во Белград е да го посетам нејзиниот гроб. Беше прекрасна жена. Бев активно присутен во нејзината борба со ракот. Потоа ме затворија, таа беше тука да сведочи. И за Марина и за Фута и за Лаќа моето срце засекогаш ќе биде нивно. Десетина дена пред да почине, Лаќа (синот на Марина Туцаковиќ) ме посети во болницата, по десетина дена настрада. Ние имавме посебен вајб. Многу убави зборови кои цел живот ќе ги помнам ги слушнав од марина, а една од нив е ‘Ќе биде тоа што ќе биде’“, заклучи Бојан кај Лазаров.

Потсетуваме, текстописецот и синот на Марија Туцаковиќ, Милан Радуловиќ Лаќа, при крајот на 2022 година беше пронајден мртов во Израел. Неговиот татко не верува дека тој починал од прекумерна доза на недозволиви супстанци, а оние што го познаваа велат дека бил излечен од зависности.

Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

Оние што во тие време се дружеа со него, како и пријателите од Белград, кои биле во контакт со него, истакнуваат дека тој во последно време бил поприлично расположен и насмеан. Додека престојувал во Израел често излегувал со пријателите на дружби и вечери, а во прилог на тоа зборуваат и неговите последни објави на Твитер. Па така на една од 1 декември 2022 година, истиот ден и кога е пријавено неговото исчезнување во Израел, тој цитираше стихови од една популарна песна на Светлана Цеца Ражнатовиќ, „Кожата помни“, напишана од неговата мајка, Марина Туцаковиќ.

Принтскрин/ Јутјуб

По неговата смрт, композиторот и продуцентот Дарко Димитров, кој беше негов пријател и соработник, за медиумите раскажа дека се слушнале неколку дена претходно и дека планирале веднаш по неговото враќање да седнат и работат на нови проекти.

„Нашето допишување беше фокусирано само на тоа, но ми делуваше океј. Ништо не наговестуваше. Сакаше да работиме и јас се согласив“, изјави Димитров по смртта на Лаќа за српскиот Блиц.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button