Реклама
Наши ѕвезди

Последните зборови на татко ми деновиве ми се мотаат во глава, открива пејачката Стојне Николова

Неодамна Стојне ја објави својата најнова песна насловена „Лоша“. Се работи за еден помодерен ритам.  

Реклама

Пејачката Стојне Николова една од омилените фолк пејачки на македонската сцена. Оваа млада девојка за кратко време стана миленик кај публиката, како со својата харизматичност, искреност која публиката ја препознава, така и со својот прекрасен стас и преубав глас.

Стојне е препознатлива по тоа што умее да експериментира со музиката. Таа пее народна музика, на нејзиниот албум ја препеа „Крушево абер пристигна“ по што ги собра сите симпатии.

Да се потсетиме на овој видеозапис.

Маркетинг

Неодамна Стојне ја објави својата најнова песна насловена „Лоша“. Се работи за еден помодерен ритам.

Маркетинг

 

– Сакав да направам нешто поинакво, помодерно, интересно, за младите да ја слушаат и македонската музика не само нашите соседи – вели во интервју за „Слободен печат“, пејачката.

 

 

 

Низ овој разговор атрактивната пејачка раскажува како си поминале на турнеја во Америка и во Австралија.

– Не сакаат да ме пуштат да влезм во казино. Еден ден кога имавме слободно време ние сите од бендот се договоривме да се расположиме малку и да го посетиме едно многу популарно казино во Австралија. Сите ги пуштија, а мене на врата ми направија проблем, мислеа дека сум малолетна – вели пејачката.

 

 

Стојне раскажа и за тоа како татко ѝ пред да почине последните денови на нејзе и на нејзините браќа многу често им зборувал за тоа да бидат сложни, сплотени и дека во последно време се присетува на тоа.

– Како да имаше претчусвтсво, во последно време зборуваше само за тоа колку семејството е најважно, да се чуваме и почитуваме. Деновиве тоа ми се врти низ глава. Колку повеќе растеме толку повеќе сфаќаме дека семејството е најважно. Ми се чини како во последно време , меѓу новите генерации да се губат основните вредности, не се почитува како порано – вели Николова.

Пејачката во ова интервју им приреди изненадување на своите фанови и запеа песна, но не народна туку поп македонски евергрин.

Погледнете го интервјуто и дознајте некои работи кои не ги знаете за Стојне Николова.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button