Реклама
TV

Мирчевски го нарече Лазаров „водителче на поткастче“, Стефан жестоко возврати – еве кој кого нарече глуп

Реклама

По неодманешното гостување на проф. Билјана Ванковска, претседателски кандидат, поддржана од „Левица“, во Канал 5 кај уредникот и новинар Гоце Михајлоски се крена голема фама.

И самото интервју започнува напнато, Михајловски директно ја прашува гостинката што констатирала „дали е природно глуп?“, со оглед на тоа што имала таков статус запишано на фејсбук во кој професорката се прашува дали водителот е „природно глуп или глуми незгоден новинар“.

Тензично помина целото интервју, а тензијата  и потоа се заостри на социјалните мрежи.

Маркетинг

Директорот на Кнал 5 телевизија, Иван Мирчевски на Линкдин ѝ се обрати на професорката со тоа што напиша дека овојпат не била на чамче муабет со водитечето на поткаст, туку била гостинка кај новинарскиот „Меси“ на денешницата .

Маркетинг

 

На ова веднаш возврати и професорката.

Меси може вода да ми носи. Уште едно вакво местење и ќе влезам во втор круг. Реакциите се одлични 🥰 Патем немаше храброст мене директно да ми пише па други го најдоа. Инаку од синоќа до сега стотина луѓе ми пишаа дека новинарот бил дрзок и невоспитан, а јас смирена и аргументирана. Па видете кој е Меси и кој сам се намести. Организираат интервју со официјален претседателски кандидат за да се пресметуваат со Димитар Апасиев. Само со погрешен кандидат се фатиле, со погрешен лидер и погрешна генерација ✊🚩- напиша таа на ФБ.

 

 

Не остана воздржан од коментар и Стефан Лазаров кој директно е прозван. Тој возврати:

 

Гледам директоров на канал 5 од уста не ме вади, па после лажните вести пласирани за мене, сега ме нарекува “водителчено со поткастчето” 😂 Само да го потсетам дека тоа е најгледаниот поткаст во државава, а он со 30+ вработени може да сонува за такво нешто 🥰

Во „војна“ се приклучи и Димитар Апасиев.

 

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button