Реклама
Холивуд

Прво појавување на Моника по см.ртта на Чендлер: Заедно беа најубавиот пар, фановите ги обожаваа- актерката не може да си дојде при себе!

Изгледа скршено...

Реклама

На 55-годишна возраст поч.ина актерот Метју Пери а веста за неговата см.рт го потресе светот.

фото инстаграм/Метју Пери

Актерката Кортни Кокс, која се прослави со улогата на Моника во култната серија „Пријатели“, за прв пат беше видена во јавноста по трагичната см.рт на нејзиниот колега Метју Пери.

Маркетинг

фото инстаграм/Метју Пери

Кортни беше снимена напуштајќи го Нобу во Малибу, и во најмала рака, изгледаше тажно и расеано.

Маркетинг

фото профимедиа

фото профимедиа

Актерката беше во друштво на своето долгогодишно момче, музичарот Џони Мекдејд.

фото инстаграм/Метју Пери

Метју и Кортни покажаа како најдобрите пријатели завршуваат во брак во серијата „Пријатели“, и беа еден од омилените парови, а нивните заеднички сцени и денес ги гледаме на социјалните мрежи бидејќи обожавателите често ги споделуваат.

фото инстаграм/Метју Пери

Освен што заедно глумеа во култната серија, Кортни и Метју и во приватниот живот беа блиски пријатели.

фото инстаграм/Метју Пери

Серијата „Пријатели“ забележа невиден успех, а и денес е една од најпопуларните серии која ја обожаваат сите генерации.

фото инстаграм/Кортни Кокс

Првата улога на телевизија Кортни ја доби во 1984 година во сапуницата „Како светот се врти“.

Во 1994 година започна снимањето на „Пријатели“. По завршувањето на серијата, таа привлече големо внимание со улогите во филмот „Врисок“ и во серијата „Кугуарка“.

фото инстаграм/Кортни Кокс

По десет сезони и исто толку години во етер, „Пријатели“ последен пат се емитуваше на 6 мај 2004. За серијата што ја прослави, Кортни изјави:

„Пријатели“ ми го промени животот на многу начини. Ми дадоа шанса. Ми дадоа слобода. Ми дадоа семејство на блиски пријатели со кои пораснав. Ме научија на комедија. Ме научија за врските. Ме научија на сè“.

фото инстаграм/Кортни Кокс

Токму додека се снимаше таа серија, во нејзиниот живот се случува вистински бродолом. На сетот мораше да биде насмеана и среќна, но зад камерите плачеше и беше во депресија, слично како и нејзиниот лик Моника, Кортни не може да му угоди на семејството, иако очајно сакала и се трудела.

фото инстаграм/Кортни Кокс

Во серијата Моника се обидувала да има дете со Чендлер, а славната актерка доживеала слични проблеми во реалниот живот. За тоа време имала неколку спонтани абортуси.

фото инстаграм/Кортни Кокс

-Беше многу тешко“, изјави актерката која не ја криеше битката, но за тоа проговори за NBC.

„Се сеќавам дека еднаш во серијата имав спонтан абортус, а Рејчел роди девојче. О, колку беше тешко и страшно да се биде насмеан во тоа време“, рече таа.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button