Реклама
Холивуд

Откриена причината за смрттa на холивудскиот актер: Протекоа сите детали од доверливиот документ!

Колегите се простија од него...

Реклама

Aктерот Метју Пери, поч.ина на 28 октомври во 16:17 часот во својот дом во Лос Анџелес a неговото безживотно тело било пронајдено во џакузито.

фото Инстаграм/Метју Пери

Метју Пери засекогаш ќе остане запаметен по улогата на симпатичниот Чендлер од серијата „Пријатели“.

Маркетинг

фото Инстаграм/Метју Пери

На погребот присуствуваа сите колеги од оваа хит серија. Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кокс, Метју Лебланк и Дејвид Швимер беа видени како разговараат пред капелата во Лос Анџелес.

Маркетинг

фото Инстаграм/Метју Пери

Метју Пери почина на 28 октомври во својот дом каде што неговиот помошник го нашол во џакузи.

Сега е објавена и причината за смр/тта. Во документот, објавен од Одделот за јавно здравје во Лос Анџелес, а до кој дојде The Blast, се наведува дека конечната причина за ненадејната см.рт на Пери е „одложена“ во очекување на детална анализа на неговиот токсиколошки извештај, откако првичните резултати покажаа дека нема траги од недозволените супстанци фентанил и метамфетамин во неговата крв.

фото Инстаграм/Метју Пери

Во некрологот се наведува дека Пери работел во забавната индустрија како актер 38 години, а се наведува и дека сите потребни информации на истражителите им ги дал неговиот очув Кит Морисон. Познатиот актер почива покрај великаните на Холивуд, но се чини дека неговите блиски сакаат ова место засега да се чува во тајност, бидејќи се уште не се подготвени јавноста да се собере на локацијата на која почива холивудската ѕвезда.

фото Инстаграм/Метју Пери

Холивудскиот актер беше погребан покрај Кери Фишер, Деби Рејнолдс, Мајкл Кларк Данкан и Рони Џејмс Ди, па можеби ова е една од причините за приватноста.

фото Инстаграм/Метју Пери

Зад себе остави огромно богатство кое се брои во милиони.

Неофицијално, актерот добил по 800 илјади долари за секоја епизода во 7-та и 8-та сезона на „Пријатели“, и до милион долари за секоја епизода во 9-та и 10-тата сезона. Се проценува дека за улогата на Чендлер Бинг заработил околу 90 милиони долари.

фото Инстаграм/Метју Пери

Според странските медиуми, се претпоставува дека тој во моментот на смр.тта имал околу 120 милиони долари.

фото Инстаграм/Метју Пери

Како што пренесуваат странските медиуми целото богатство на Метју им припаѓа на неговите родители, Џо Бенет Пери (кој и самиот е актер) и мајката Сузан Ленгфорд бидејќи актерот не беше женет и нема деца.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button