
Еден продавач на Ибеј понуди исполнување на соништата за само 26.000 долари. За тие пари можете да купите „направи сам“ реплика на моделот на Бентли – Bentley Continental GT Convertible, кој што реално чини 200.000 долари. Како модел му послужил стариот Крајслер Себринг, а мораме да признаеме дека продавачот вложил огромен труд да ја подеси каросеријата и едно чудо пластика за да состави оволку убава реплика на британскиот супер луксузен кабриолет.
Па, што мислите, дали овој автомобил може да го замени вистинскиот Бентли?