Престиж

Ви ја претставуваме новата Honda Civic Type – R

Годинешното издание на саемот за автомобили Женава 2014 ни понуди најразлични видови на коли за кои слободно може да се каже дека ќе ги задоволат вкусовите на сите вљубеници на машините на четири тркала.

newcivic

Денес ќе ви овозможиме прв поглед во наредната легенда со префиксот Civic, на најпознатиот јапонски производител на автомобили, Хонда.

newcivic2

Иако се уште станува збор за концепт кој што ја носи ознаката “Type-R”, според сите најави од инженерите од Хонда, скоро целиот стил ќе остане исти и кога моделов ќе влезе во сериско производство, а кој на пазарот ќе биде лансиран наредната, 2015 година.

newcivic3

Според описот кој што ни го даваат одговорните во Хонда, стилот на новиот модел го претставува „натпреварувачкиот дух на Хонда од трките“, па така најголемиот дел од елементите од составот на колава служат за зголемување на перформансот на автомобилот.  

newcivic5

Во врска со моторот се уште не се дадени официјални податоци, но Хонда најавува 2 литарски турбо мотор кој ќе продуцира 280 КС, иако и можноста за модел со 300 КС е исто така реална опција која што може да се појави во салоните на Хонда на Макпетрол и овде кај наредната година.

newcivic4

newcivic1

Маркетинг

Поврзано

Back to top button