Реклама
CelebrityTVХоливуд

Еве кој ќе ги наследи 120-те милиони долари на Чендлер- ова се единствените негови наследници!

Актерот немаше деца и не беше женет...

Реклама

Метју Пери, познатата ѕвезда на „Пријатели“ беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес на 54 години.

фото инстаграм/Метју Пери

Неговата помошничка го пронашла во саботата околу 16 часот во џакузито.

Маркетинг

фото инстаграм/Метју Пери

Колегите и обожавателите ширум светот се збогуваат со познатиот актер.

Маркетинг

Зад себе остави огромно богатство кое се брои во милиони.

Неофицијално, актерот добил по 800 илјади долари за секоја епизода во 7-та и 8-та сезона на „Пријатели“, и до милион долари за секоја епизода во 9-та и 10-тата сезона. Се проценува дека за улогата на Чендлер Бинг заработил околу 90 милиони долари.

фото инстаграм/Метју Пери

Според странските медиуми, се претпоставува дека тој во моментот на смр.тта имал околу 120 милиони долари.

фото инстаграм/Метју Пери

Освен тоа, Метју Пери бил познат и на пазарот на недвижности во Калифорнија, па во периодот од 2015 до 2021 година продал дури четири имоти, од кои секој вредел повеќе од 10 милиони долари.

Како што пренесуваат странските медиуми целото богатство на Метју им припаѓа на неговите родители, Џо Бенет Пери (кој и самиот е актер) и мајката Сузан Ленгфорд бидејќи актерот не беше женет и нема деца.

фото инстаграм/Метју Пери

Во една прилика, актерот се осврна на незгодното прашање на смр.тта.

„Кога ќе умрам, знам дека ќе се зборува само за пријателите.

фото инстаграм/Метју Пери

И среќен сум поради тоа, среќен сум што завршив добра работа како актер, но кога ќе ум.рам, би сакал повеќе да пишуваат за тоа колку сум им помогнал на другите“, рече Метју пред неколку години.

фото инстаграм/Метју Пери

Да потсетиме, познатиот американски актер Метју Пери (54), познат по улогата на Чендлер Бинг во светски популарната серија „Пријатели“, беше пронајден мр.тов во својот дом во Лос Анџелес.

фото инстаграм/Метју Пери

„Многу сме потресени заради смртта на нашиот пријател Метју Пери. Тој беше неверојатно талентиран актер. Неговото влијание на комичарски гениј се почувствува низ целиот свет, а неговата заоставштина ќе живее во срцата на многумина. Ова е ден кога на сите ни се скршени срцата. Им испраќаме љубов на неговото семејство, на саканите, и на неговите обожватели“, соопштија од компанијата „Варнер Брос телевисион“, која што беше продуцент на серијата „Пријатели“ со која што Метју се прослави.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button