Пред крајот на 2018 година, војвотката од Кембриџ се закачи на еден тренд што најпознатите модни експерти го најавија како голем хит за оваа година.
Ако сте нејзините обожаватели, тогаш веројатно веќе знаете дека станува збор за ретро венчиња и обрачи за коса чие мото за 2019 година гласи – „колку поголеми, толку подобро”, барем ако судиме според изборот на војвотката.
Но, нејзиниот последен моден додаток за коса беше малку помал од виолетовиот обрач што го носеше неколку недели претходно, но исто така и поскап.
https://www.instagram.com/p/BsWVnn8nAL9/
Имено, Кејт за своето прво излегување со принцот Хари во 2019 година одлучи да носат син капут од дизајнерката Кетрин Волкер, кој веќе го носеше во неколку пригоди, во комбинација со темносини салони, а целото издание го заокружи со плисирана лента за коса во иста нијанса како и капутот, и со цена од неверојатни 1000 долари.
Погледнете како Кејт го фура овој тренд…