Војвотката од Сасекс минатата година имаше многу незаборавни модни моменти, па не е чудно што нејзината облека во 2018 година беше најскапа и за неа најмногу потрошила од целото кралското семејство.
Но, изненадувачки е тоа што Меган во текот на годината успеа да потроши шест пати повеќе пари за облеката од Кејт Мидлтон
Имено, на страницата „UFO No More“ анализирани се трошоците на 13 членови на кралското семејство во изминатата година и пресметано е дека победничката Меган Маркл само во 2018 година на нова облека потрошила неверојатни 508.258 илјади долари. Тие дури и не ја зеле во пресметките венчаницата од „Givenchy“, туку само облеката и останатите модни додатоци што може да ја носи повторно.
Од друга страна, штедливата Кејт Мидлтон, која често е склона повторно да ги носи своите шик модни изданија, на нова облека во 2018 потрошила 85.097 американски долари, додека износот на контроверзната принцеза Евгенија дури е и помал, поточно 39.818 американски долари (и нејзината венчаница, исто така, не е вклучена во оваа сума).
Но, иако нивните трошоци се значително пониски од оние на поранешната актерка, тие се уште се многу високи, а сосема е логично и дека новопечената дама во кралското семејство потрошила повеќе од другите кралски дами затоа што треба целосно да ја обнови својата облека.