Диети

Летна диета – симнете 5 килограми за една недела!

Реклама
Реклама

Доаѓа летото и неизбежните прошетки во костими за капење …

Време е да се ослободиме од дебелата облека, како и од сето наталожено сало, и да заблескаме во нова летна гардероба!

Маркетинг

Наталожените масни наслаги треба што побргу да се отстранат бидејќи што подолго стојат толку е потешко да се ослободиме од нив. Ова е одлична диета за справување со овој проблем. Диетата е наменета за симнување на неколку килограми и подобрување на општата здравствена и физичка состојба. За седум дена можете да се ослободите од 5 килограми и да си го поминете летото многу убаво и лесно!

Летно време сите имаме тенденција да јадеме полесна храна со повеќе овошје и зеленчук и да пиеме повеќе течности, така што спроведувањето на оваа диета ќе ни дојде како природен премин кон летната исхрана без поголеми одрекувања и лишувања од храна. Овошјето и зеленчукот се полни со витамини и минерали, и пред се антиоксиданси кои го забавуваат стареењето, штитат од рак и мозочен удар, го подобруваат крвниот притисок и го штитат срцето. Имаат многу малку калории во споредба со другата храна, така што се неизбежен дел на секој план за здрава исхрана и диета за слабеење.

Маркетинг

План за исхрана

Наутро по будење: чаша топол растителен чај

Појадок: во една чаша кисело млеко или јогурт ставете десетина исечкани јагоди, неколку листови свежо нане и една супена лажица сечкани или мелени ореви, бадеми и лешници. Можете да се напиете чаша растителен чај.

Ужина: чаша свежо исцеден сок од портокал и лимон (пола – пола)

Ручек: салата од јагоди, малини, свежи рендани моркови, боранија, спанаќ, малку растителни зачини, сок од лимон и масло по желба.

Целиот зеленчук да не се користи во еден ден туку да се менува секој ден за да биде исхраната разновидна. Можете да се напиете чаша растителен чај – секако без шеќер!

Ужина (околу 17 часот): омлет од 2 јајца или 50 гр. обарена или печена риба со салата од целер, карфиол, зелена салата, зачинети со малку кисело млеко (една лажица), сок од лимон и ситно сечкани бадеми, чаша сок од лимон или портокал.

Пред спиење: чаша чај од нане.

Диетата е прилично монотона поради едноличното мени, но дава одлични резултати и, ако издржите, за седум дена можете да симнете и до 5 килограми!

Подолго спроведување не се препорачува поради едноличната исхрана и недостатокот на важни хранливи материи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button