Диети

Еве што јадат Стефан и Тара Ѓоковиќ: „Никогаш не пржиме, а децата се на оваа исхрана и немаат никакви здравствени проблеми“

Јелена Ѓоковиќ е задолжена за исхраната на своите деца, таа се труди да ги натера да јадат разновидна храна и еве што може да се најде на нивното мени.

Реклама
Реклама

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го шокираше целиот свет кога на крајот од мечот го прегрна своето семејство, особено децата Тара и Стефан.

Често на Инстаграм профилот на Јелена Ѓоковиќ можете да најдете совети за воспитување деца, како и некои упатства од книги за родителство или стручни совети. Таа често споделува и здрави рецепти.

ФОТО: Принтскрин

Таа отворено зборуваше на тема исхрана и тоа дека во нивното семејство доминира веганското мени.

Познато е дека оваа успешна брачна двојка се храни здраво, а многумина се прашуваат што има на менито на нивните деца.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

И за време на карантинот, во 2020 година, Јелена одговараше „во живо“ на прашањата на нејзините следбеници на Инстаграм, а едно од најчесто поставуваните беше точно каква храна јадат Стефан и Тара:

„Стефан првата година и пол имаше нормална исхрана со месо и риба, а потоа се префрли на растителна исхрана и сега се чувствува многу добро, здрав е, а Тара е на растителна исхрана од почеток и досега Фала му на Господ не сме имале проблеми со нејзиното здравје. Децата се целосно на растителна исхрана,без проблем јадат компири како луди и краставици и моркови.Им давам и многу смути и зеленило,го блендирам сето тоа. И не пржиме, туку готвиме, тие јадат варени компири или пире“, објасни Јелена.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Кога Стефан бил мал, Јелена зборувала за тоа и каква каша му подготвила. „Пирето од банана и авокадо е секогаш добро решение“ – објасни Јелена и истакна дека ја засладува храната, по потреба, со мед, рогач во прав, сируп од агава, јаворов сируп.

„Сакам да подготвувам се навечер бидејќи моето малечко е утринска птица полна со енергија штом ќе се разбуди. Затоа на сите ни планирам утрински оброци навечер. Ми требаат пет минути”, рекла Јелена и ги советувала другите да си играат со состојките, додавајќи дека вкусната храна не мора да се обработува, може да биде свежа и здрава.

Еднаш открила рецепт за каша, кој сака да го подготвува, а главни состојки се овесна каша, путер од лешник, мелен афион, какао, мелено семе чиа, лен, растение лукума, хељда, сусам и оризово млеко со кокос, малку овошје на врвот.

ФОТО: Принтскрин

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button