Диети

Диета со краставици: симнете 7 килограми за 14 дена

Реклама
Реклама

Диетата со краставици е многу едноставна диета, идеална за оние коишто немаат многу време или волја да ги планираат и подготвуваат оброците додека се на диета.

Диетата вклучува само неколку намирници кои се повторуваат, се држи десет дена, иако има и продолжена варијанта од 14 дена и дава одлични резултати – губење на дури 7 килограми, секако зависност од физичката активност.

Маркетинг

Диетата се заснова на салата со краставици која може да се јаде во неограничени количини, секогаш кога ќе почувствувате глад. Салатата изобилува со хранливи материи, така што не треба да се грижите дека нешто ќе ви недостасува во текот на десетте дена додека сте на диета.

Освен салатата, во текот на денот се јадат и следниве намирници:

Маркетинг

– 2 варени јајца или 150 гр. Туна од конзерва, исцедена од маслото, или 150 гр. бело месо на скара;
– 2 поголеми варени компири (варени, печени, подготвени на пареа, но не и пржени) или 3 парчиња интегрален леб;
– 500 гр. свежо локално овошје.

Што се однесува до течностите, можете да пиете обична вода, растителни чаеви или кафе без шеќер, а строго е забрането да се консумира алкохол, газирани пијалоци и благо.

Со секој оброк, како и помеѓу оброците, можете да јадете неограничени количини од салатата од краставици или да пиете шејк со краставица (рецептите се дадени подолу). Значи, секогаш кога ќе се почувствувате гладни слободно послужете се со салата или шејк, и тоа додека не се почувствувате сити.

ПРИМЕР ЗА ДНЕВНО МЕНИ:

Појадок: 2 тврдо варени јајца + чинија салата од краставици
Ужина: 5 сливи или 1 поголемо јаболко или праска или некое друго сезонско овошје во вкупна тежина до 200 гр;
Ручек: Интегрален леб на тост + чинија салата од краставици;
Ужина: Шејк од краставици;
Вечера: Овошје по избор, во вкупна тежина до 300 грама.

РЕЦЕПТ ЗА САЛАТА ОД КРАСТАВИЦИ

Потребни намирници: околу 400 гр. краставици; 2 дл. кисело млеко, јогурт или домашен кефир, малку сол и лук, доколку сакате.

Подготовка: Излупете ја и исечете ја краставицата на мали кругови. Посолете ги, промешајте убаво да се распореди солта и прелијте ги со киселото млеко, јогуртот или кефирот и пак промешајте. По желба можете да додадете и лук.

РЕЦЕПТ ЗА ШЕЈК ОД КРАСТАВИЦИ

Во блендер ставете: една млада краставица со кората (убаво измиена), шака спанаќ и едно кисело јаболко исечено на парчиња. По желба можете да додадете малку свеж изрендан ѓумбир или на врвот на ножот ѓумбир во прав. Убаво измиксајте и ставете во чаша, па сипете малку мелени ореви или бадеми. Треба да се пие свежо подготвено бидејќи ако стои подолго ќе ги загуби хранливите материи.

Овој пијалок ве снабдува со потребните витамини и минерали, посебно со витамини А и К. Исто така, пијалокот изобилува со влакна, магнезиум, железо, витамини Ц, Е и Б, калциум и калиум. Се што ни е потребно во една чаша!

Како и во останатите диети, така и во оваа се препорачува умерена физичка активност, како шетање од најмалку половина час со умерено темпо, што многу ќе ви помогне полесно и побрзо да се ослободите од вишокот килограми.

Извор: dijeta.net

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button