Диети

Брза, евтина и ефикасна диета со краставици

Реклама
Реклама

Диетата со краставици е еднонеделна рестриктивна диета заснована на здравите состојки на краставицата.

 

Маркетинг

 

Краставиците поволно влијаат на тенот, а тие исто така се и познат диуретик кој ја стимулира работата на органите за варење и го прочистува организмот. Помагаат да се исфрли вишокот вода од телото кој особено се собира ако се консумира конзервирана и солена храна. Според тоа, оваа диета е особено популарна за прочистување на органите за варење и за решавање на проблеми со акни, односно за прочистување на кожата.

Маркетинг

 

ПОКРАЈ КРАСТАВИЦИТЕ, ВКЛУЧЕНИ СЕ И ДВЕ УЖИНИ ЗА КОИ СЕ ЈАДЕ МАЛА КОЛИЧИНА ОВОШЈЕ: ЕДНА БАНАНА, ЈАБОЛКА, КРУША ИЛИ ПОРТОКАЛ

 

Главната состојка на диетата со краставици e познатиот таратур, односно краставица со јогурт или павлака, но без сол, со природни зачини како магданос, босилок, мирудија … За секој оброк се преливаат 300-400 грама излупени и исецкани краставици со 200 мл. јогурт или кисела павлака. Дневната количина на краставици треба да биде околу 1 килограм. Вклучени се и две ужини за кои се јаде мала количина овошје: една банана, јаболка, круша или портокал. Оваа прилично строга диета многумина ја надополнуваат со парче интегрален леб. Ако решите да вклучите и интегрален леб, количината не треба да надминува 60 грама дневно, а се препорачува тоа да биде парче леб со ручекот. Вечерата се состои од 50 грама варено месо и едно варено јајце. Се дозволува и кафе или чај со една коцка шеќер. Настојувајте последниот оброк да ви биде околу 8 часот вечерта. Кога ќе се пресмета се заедно, во еден ден на диетата со краставици се внесуваат само околу 900 калории. Поради малиот број на калории диетата не смее да се држи подолго од седум дена, за кои можете да изгубите околу 5 килограми.

 

 

Диетата е многу едноставна и евтина бидејќи вклучува храна која лесно се подготвува, која ја има насекаде, и не е скапа. Посебно е поволна за држење во летните месеци кога и онака организмот не бара многу храна, посебно не масна и калорична.

 

ОВАА Е СУПЕР ДИЕТА ДОКОЛКУ САКАТЕ РЕЗУЛТАТ ЗА КРАТКО ВРЕМЕ, НО ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО ОВАА ИЛИ БИЛО КОЈА ДРУГА ДИЕТА, НАЈДОБРО Е НАЈПРВО ДА СЕ ПОСОВЕТУВАТЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР

 

И оваа диета е една од низата брзи диети која мора да се држи само ограничено време бидејќи во неа недостасуваат многу хранливи состојки. Ако сакате диета со брзи резултати тоагаш оваа диета е одличен избор да се изгубат неколку килограми за кратко време, без некои посериознио одрекувања и последици по здравјето. Сепак, не се препорачува како долгорочен план за слабеење.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button