Реклама
Холивуд

Најубавата жена на светот ќе скокне во тавче со 10 години помладо момче – обожавателите разочарани што не нашла некој постар!

Реклама

Познатата актерка Пријанка Чопра (36) наскоро ќе се мажи за 11 години помладиот пејач Ник Џонас и тоа само по неколку месеци врска.

Но многу нејзини обожаватели се разочарани од нивната врска особено затоа што дамата која пред 18 години беше Мис на светот сите ја замислуваа со некој посериозен и повозрасен човек, па нејзиниот избор навистина изненади многумина. Како и да е, на Ник и Пријанка им цутат рози и веќе наголемо течат подготовките за венчавката, а убавата Индијка неодамна го прослави и таканаречениот „bridal shower“ на кој е обичај најблиските пријатели да ја даруваат невестата.

Маркетинг

Таа за оваа пригода носеше преубава бела тоалета зачинета со пердуви од брендот „Marchesa” која многумина ги потсети на венчаница, па според некои модни магазини Пријанка најверојатно решила да направи една мала проба.

Маркетинг

Инаку, младиот пар има и прекар „НикЈанка“, а колку пејачот е вљубен во неа зборуваат и неговите изјави за жената на неговиот живот:

„Знам колку е важно да бидете поврзани со личноста со која ќе го поминете останатиот дел од животот – и секако, да и бидете максимално посветени. Ние тоа го пронајдовме еден во друг, и среќен сум и возбуден што наскоро ќе почнеме да го делиме заедничкиот живот“, изјави Џонас.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button