Сите го поздравуваат пејачот СПАСЕН за овој ХРАБАР статус – И НИЕ ГИ ЧУВАМЕ ЧИЗМИТЕ (за недај боже)
Деновиве во очи ни падна еден статус на социјалната мрежа Фејсбук, кој за кратко време стана вирален
![](/wp-content/uploads/2024/04/spasen-nas-780x470.jpg)
Околку изборите социјалните мрежи вријат со коментари за или против политичките партии. Не ретко и јавните личности јавно го кажуваат својот став. Еден од похрабрите патриоти меѓу звучните имиња е пејачот Спасен Силјаносвки.
Тој често го истакнува тоа дека ја сака Македонија од дното на својата душа, дека со гордост го вее македонското знаме во сите пригоди и дека е горд на своите претци. Спасен многу пати покажал дека ја познава и сака историјата, а тоа најмногу можеме да го заклучиме и од емисијата „Везилка“.
Деновиве во очи ни падна еден статус на социјалната мрежа Фејсбук, кој за кратко време стана вирален, а го напиша Спасен.
Храбар статус , браво мaестро, прав патриот … се дел од коментарите на статусот кој вели:
И НИЕ ГИ ЧУВАМЕ ЧИЗМИТЕ(за недај боже)
Во центарот на Скопје “Аца Антиќ” се заканува на претседателот на Вмро Дпмне д.р.Христијан Мицковски.
Во центарот на Скопје се скандира “учк…учк”…Тоа е провокација кон Македонскиот народ.
Во центарот на Скопје се веат Албански знамиња и знамиња на учк…Без ниту едно државно знаме, без ниту едно знаме и нити еден симбол од државата во која ги уживаат сите права дури и повеќе од тоа….
Ја почитуваат ли они Македонија и Македонскиот народ? Или во безизлезна состојба на колапсот на дуи, се фаќаат како и секогаш на национална реторика со цел подгревање на тензиите, па несвесно понесени од нивната омраза кон се што е македонско, ги искажуваат нивните потајни желби кои ги гаат уште многу одамна….Ги знаеме добро нивните желби и амбиции – напиша Спасен.
Оваа објава следи по митингот на ДУИ за претседател на МАКЕДОНИЈА на плоштад „Македонија“ . По која на социјалните мрежи голем број корисници коментираа дека не виделе ниту едно македонско знаме.
Понатаму Спасен додава:
…Но “Аца Антиќ” заборава дека ова нее 2001, Очигледно не ја прати ни геополитиката ни промената на рамнотежа во светот. А не го прати ни “расположението” кај чесните Албанци на кои им е здосадено од неговите игри, па како последица на неговото владење масовно се иселуваат и ги напуштаат своите домови…
…..”Аца антиќ” време ти е да пропаднеш во бездната која сам ја копаш повеќе од 20 години… А ќе пропаднеш и тоа сигурно за доброто на народите во Македонија.
p.s. А ако сеуште те Е…а Мозокот, да знаеш дека и ние ги чуваме чизмите на таван 😉 Христијан Мицкоски нее сам, и нема да биде – напиша пејачот на ФБ.
Ви ја пренесуваме интегрално неговата порака во продолжение:
Лавина од реакции под објавата на популарниот пејач. Еве дел од нив.