Реклама
Наши ѕвезди

МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ се збогува со ЏАРО: Мислевме се може да замине, само ти не!

Погребот е утре (петок -26 април) во 13 во капела во Ѓорче Петров - напиша неговата ќерка Милица.

Реклама

Кралот на шоубизнисот од минатиот век. Човекот кој им ја отвори македонската врата на сите балкански ѕвезди. Пред нашата публика, благодарение на него, за првпат стапнаа популарните имиња како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.

Македонија и Блаканот денеска се збогува со Велибор Џаровски-Џаро.

На 75 годишна возраст, по кусо боледување, денеска почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше познат како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто што самиот никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа. се само некои од музичките ѕвезди со кои соработуваше Џаровски и на кои им организираше турнеи.

Познатите личности преку социјалните мрежи испраќаат последен поздрав до Џаро.

Маркетинг

Неговата ќерка новинарката Милица Џсровска скршена од болка напиша на Фејсбук:

Маркетинг

Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол. Погребот е утре во 13 во капела во Ѓорче Петров – напиша Милица.

И Калиопи на Иннстаграм напиша многу убава порака:

Легендо…
Беше еден и единствен…
Секое минато со тебе, ќе остане да се прераскажува , да се памети…
Џаро наш…
А мислевме, сѐ може да замине, само ти не…💔
Сочувство до семејството…
Калиопи и Ромео

Издвоивме уште неколку од нашите пзонати личности кои објавија за тажната вест.

Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер. Џаровски своевремено призна дека наместил повеќе од 80 фудбалски натпревари во сите рангови на натпреварување.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button