Реклама
Холивуд

Лејди Гага и Бредли Купер чекаат бебе?

Реклама

Бредли Купер не губи време?

Овие гласини ги предизвика насловната на таблоидот „In Touch” на која Бредли и Гага позираат гушнати, а внимание привлекува положбата на нивните раце. Имено, тој ја држи раката на нејзиниот стомак, а таа својата ја стави преку неговата. Покрај споменатата фотографија стои и наслов дека чекаат бебе и изјава дека се уште не планираат венчавка. Тие овие гласини се уште ги немаат коментирано.

Маркетинг

Уредниците на магазинот покрај оваа фотографија објавија уште една на која јасно се гледа стомакот на пејачката.

Маркетинг

Или во прашање е само чуден агол? Проценете сами…

Само да потсетиме, Бредли неодамна се раздели од руската манекенка Ирина Шајк, а според многумина причината што се разделиле е токму Лејди Гага со која се зближи на снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“

Во јавноста веќе одамна се шушка дека се заедно, а постои сомнеж и дека бременоста на Гага е вистинската причина што Купер се раздели од својата поранешна сопруга.

Од друга страна пак, поедини медиуми наведуваат и дека Гага се уште потполно не ја преболела разделбата со поранешниот свршеник Кристијан Карин, така што сега венчавка не и е на врвот на листата со приоритети.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button