Реклама
Холивуд

Кралицата на филмовите за возрасни изгуби 35 килограми и тоа БЕЗ теретана – но сега има друг проблем за кој се пожали на Инстаграм

Реклама

Џена Џејмсон (43) важи за една од најпознатите дами во светот на филмовите за возрасни.

Таа порано беше позната како кралица на порно филмовите, а во 2008 година ненадејно се пензионираше и се посвети на мајчинството. Денес ја мачат истите проблеми како и секоја обична жена и за нив редовно коментира на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Маркетинг

Џена Џејмсон во 2015 се омажи за израелскиот бизнисмен Лиор Битон со кој ја доби ќерката Бател Лу, а од претходната врска со УФЦ борачот Тито Ортиз ги има осумгодишните близнаци Џеси Џејмсон и Џорни Џета.

https://www.instagram.com/p/Bqn0yPYBK8F/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

Поранешната порно дива денес изгледа многу поразлично отколку додека беше активна и снимаше филмови, а максимално е посветена на мајчинството и нема никаква врска со порнографијата. На Инстаграм редовно ги известува своите обожаватели за тоа како напредува во губењето килограми кои ги насобра за време на бременоста

https://www.instagram.com/p/Bp77xb4hyR4/?utm_source=ig_embed

„Да, го изгубив вишокот килограми. И да, горда сум на тоа, но најгорда сум поради мојата улога на мајка“, вели Џена на Инстаграм откако изгуби 35 килограми кои ги „собра“ за време на двете бремености.

Таа за само шест месеци благодарение на Кето диетата и повремениот пост, изгуби 35 килограми, а сега пак, има нов проблем – вишок кожа!

https://www.instagram.com/p/BpZ6nCzhaih/?utm_source=ig_embed

 

„Добив стотина коментари од жени што ослабеле, родиле или и двете. Ме прашуваат како тоа повеќе да немам кожа откако ги родив близнаците и третото дете и откако изгубив 35 килограми. Но, имам проблем со кожата“, напиша покрај фотографијата на која седи со топ и гаќички и гол стомак на кој килограмите оставиле свој белег.

„Активно вежбам јога за да го стегнам телото, но сакам и другите мами да видат што се случува навистина откако ќе се решите од килограмите. Не е се’ совршено“, вели таа.

https://www.instagram.com/p/BqdVo2thWxj/?utm_source=ig_embed

 

Таа на овој начин ги откри недостатоците од слабеење, но и овој пат не заборави да истакне дека физичкото и менталното здравје се многу поважни од изгледот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button