Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледаше раскошниот дом на Боки за време на празниците – шоуменот откри и една страшна вест

Но покрај празничната фотографија, Бојан Јовановски на социјалните мрежи откри и дека добива закани да го откаже гостувањето кај Стефан Лазаров.

Реклама

Голем број познати личности споделија со своите фанови фотографии со кои покажаа како ги минуваат велигденските празници.

Еден од нив е и Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, кој откако излезе од затвор често контактира со јавноста на овој начин.

Имено, Боки сега сподели фотографија направена во неговиот дом на која држи корпа полна со велигденски јајца во рацете.

Маркетинг

Инстаграм/ Бојан Јовановски

На фотографијата се гледаат и неколку велигденски зајаци, како и луксузната облека во која што Боки се фотографираше

Маркетинг

„Нека биде весело, нека биде шарено, нека биде радосно, нека биде со љубов, нека е за многу години празникот!!! Секогаш да ја славиме победата на доброто над злото, што е и главен симбол на Христовото Воскресение, да имаме трпение, разбирање, почит и човекољубие!, Честит Велигден“, напиша Боки под својата објава на социјалните мрежи за која доби илјадници лајкови.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Потсетуваме, Боки непосредно пред првиот круг на претседателските избори предизвика вистински политички „земјотрес“ во јавноста со своето гостување кај јутуберот Стефан Лазаров.

Принтскрин/ Стефан Лазаров, Јутјуб

Тој тогаш во емисијата што траеше неколку часа откри многу пикантерии поврзани со неговиот случај, спомнувајќи голем број имиња како од политичкиот, така и од светот на бизнисот.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Тој вечерва повторно гостува кај Лазаров, а пред неполн ден на Фејсбук откри дека добива закани да го откаже гостувањето.

„Нема да ме заплашите со ништо и нема да ме спречите, единствено може да го откажам утрешниот настап и да молчам ако ме убиете, друго решение немате“, напиша тој во својата последна објава на социјалните мрежи, непосредно пред најавеното гостување.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button