Диети

Француска диета: симнете 15 килограми за 3 недели

Реклама
Реклама

Француската протеинска диета е многу позната диета која првенствено е наменета за намалување на поголем број килограми (7 и повеќе) бидеjќи станува збор за кетогена диета и вистинските резултати ќе бидат видливи дури по 7 дена.

За две недели можете да изгубите од 10 до 12 кг., а за три недели, колку што и максимално смее да се држи оваа диета, можете да симнете дури до 15 килограми. Колку точно килограми ќе загубите е сепак индивидуално и зависи од повеќе фактори како возраста, полот, видот на масните наслаги (внатрешни или поткожни), местата на кои најмногу се наталожени масните наслаги (стомакот или колковите, на пример) и т.н.

Маркетинг

Француската протеинска диета е позната и како диета со кременадли и вино, бидејќи најмногу се заснова на овие две намирници. Поради тоа и посебно е погодна за поладните месеци во годината, кога и природно повеќе се јаде месо и се пие црвено вино.

План за исхрана

Маркетинг

Појадок: чаша свеж сок од портокали, две тврдо варени јајца или една кременадла (150 гр.) на скара, кафе или чај без шеќер
Ручек: чаша свеж сок од портокали, една кременадла од 200 гр. подготвена на тефлон, сервирана на лист зелена салата и чаша суво црно вино
Вечера: исто како ручекот.

Во текот на диетата се забранети леб и бели пецива. Се пие само црно вино, останатите алкохолни пијалаци се забранети. Ако сте љубител на црно вино, оваа диета е како создадена за вас. За да не ви биде еднолична храната, можете да користите различни видови на месо, само не смеете да ја зголемувате количината. Помеѓу оброците можете да пиете минерална вода колку сакате, исто така и кафе и чај без шеќер.

Во втората недела на диетата се воведува и зеленчук – краставици, домати, зелка, кромид, модар патлиџан, пиперки, праз, тиквички и печурки. За појадок можете да испржите зеленчук во тефлонска тава со неколку капки маслиново масло заедно со двете јајца кои се предвидени за појадокот. За ручек пак можете да направите салата од зеленчуци кои не се погодни за пржење, на пример од зелка, домати и краставици со маслиново масло.

Доколку за две недели ја постигнете саканата тежина ја прекинувате диетата, а доколку сакате да ослабите уште некој килограм, ја продолжувате за уште една недела.

Се препорачува во текот на диетата да земате мултивитамински препарати бидејќи диетата не ги обезбедува сите витамини и минерали што му се потребни на организмот. По 2-3 дена од диетата може да се појави чувство на слабост, малаксаност, главоболка и сл., но не грижете се бидејќи тоа се минливи појави и доколку не се екстремни ќе поминат самите за неколку дена.

Диетата се заснова на исфрлање на јаглехидратите од исхраната а истовремено е и нискокалорична што значи дека ги комбинира двата најпознати принципи за слабеење кои се користат во повеќето диети. Ваквата комбинација е многу ефикасна и дава одлични резултати, но не е најдобра за здравјето. Во првата недела на диетата не се препорачуваат вежби и голема физичка активност.

Некои луѓе имаат проблеми со спиењето кога се на нискокалорични диети и затоа избегнувајте да пиете кафе по 19.00 часот. Ако почувствувате голема глад помеѓу оброците можете да изедете едно варено јајце кое ќе ви ја ублажи гладтта, но бидете истрајни и не се откажувајте од диетата. Мерете се секое утро и навечер и кога ќе видите дека вагата секој ден покажува помала тежина ќе имате дополнителна мотивација да ја издржите диетата.

Француската протеинска диета не се препорачува на лица со лошо здравје, хронични болести, како и на лица постари од 45 години. Пред да ја започнете диетата, најдобро е да се консултирате со вашиот доктор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button