Реклама
Холивуд

Еве како изгледаше Памела Андерсон пред пластичните операции, на почетокот од кариерата

Реклама

Познатата актерка е меѓу првите дами што го популаризираше „пластичниот изглед”, и иако и денес во своите педесетти изгледа фантастично решивме да се потсетиме како изгледаше на почетокот од нејзината кариера, пред да ги направи бројните пластични операции. И останавме фрапирани од она што го видовме.

Иако целиот свет знае дека Памела ги има зголемено градите, таа мудро молчеше за другите хируршки зафати.

Маркетинг

Од прикажувањето на серијата „Чувари на плажа”, поминаа неколку децении, а на интернет постои видео со убавата русокоса која веќе долго време е симбол на една генерација. Се разбира, пред да ги направи бројните операции и на кое, онака природна, изгледа дури и подобро отколку по нив.

Маркетинг

 

„Немам ништо против пластични операции. Она што го променив ќе остане со мене засекогаш, но не сакам ништо повеќе од тоа”, изјави Памела своевремено, а нејзината изјава ја пренесе „Life And Style Mag”.

Памела на почетокот од кариерата

Во интервјуто за „W Magazine”, Памела изјави дека процесот на стареење не ѝ пречи. „Имам прекрасни постари примери во мојот живот, вклучувајќи ја и мојата прекрасна мајка. Стареењето не е крај. Знам дека пред мене има уште толку многу на што можам да му се радувам“ изјави поранешната „Плејбој” зајачица за оваа пригода.

https://www.instagram.com/p/Bgoq8iUFgaN/?utm_source=ig_embed

 

Меѓутоа, се чини дека актерката не се задржи цврсто до своите одлуки. Кога ќе споредите колку се променила до денешниот ден, тешко дека ќе можете да ја споредите со онаа млада убавица од почетокот на кариерата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button