Реклама
Холивуд

Еве какви божиќни подароци си добија ќеркичките на Клои Кардашијан и Кајли Џенер

Реклама

Познатата ријалити ѕвезда откри што нејзината осуммесечна ќерка Тру најде под елка на овој Божик.

„Ти благодарам, тате”, напиша Клои под фотографијата со неколку пара патики од познати брендови кои се наменети за малото девојче, и откри дека тоа е подарок од таткото на нејзината ќеркичка, Тристан Томпсон.

Маркетинг

По оваа фотографија Клои објави и една на која Тру си игра на подот облечена во розов костим додека нејзината мајка и посакува „Среќен Божиќ!”

Маркетинг

И Кајли Џенер за својата ќерка избра драгоцен подарок. Таа откри дека ѝ подарила минијатурен Луј Витон Ламборџини, во кој десет месечното девојче ќе може да се вози додека нејзините родители ќе управуваат со помош на далечинскиот управувач.

И целиот клан Кардашијан-Џенер, исто така, ја објави својата Божиќна честитка на која што се Клои, Ким и Кортни Кардашијан и заедно со Кајли Џенер позираат со своите девет деца. Недостасува само Кендал …

https://www.instagram.com/p/BrxiLosAGpL/?utm_source=ig_embed

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button