Бела кожа, затегнато лице и тенка половина на 62 години – сите гледаа во сестрата на Мајкл Џексон која неверојатно личи на него
Својот младешки изглед Ла Тоја го „комбинираше“ со неверојатен стајлинг со кој ги воодушеви сите
Кога се појави на црвениот килим сите гледаа во сестрата на Мајкл Џексон, Ла Тоја Џексон која и на 62 години изгледа неодоливо. Таа на настанот посветен на подигање на свеста за Мултипла склероза се појави во сребрена јакна со светки, црни панталони и блуза, а на нозете носеше чизми со сребрени светки кои преминуваа преку колената. Тенката половина ја нагласи со голем ремен зачинет со сребрени ланци, а она со што најмногу привлече внимание, беше нејзиното бело лице со кое неодоливо потсетува на Мајкл.
Ова е прв пат Ла Тоја да се појави во јавноста по контроверзниот документарец во кој се изнесуваат обвиненија за Мајкл Џексон. Филмот во Америка, па и во целиот свет, предизвика вистинска бура, а поради него сета „валкана облека“ на семејството Џексон беше изнесено на виделина, како и интервјуто на Ла Тоја од 1993 година во која го обвинува својот брат за педофилија.
„Мајкл е мојот брат и јас многу го сакам, но не можам и не сакам да бидам соработник на она што им го правеше на малите невини деца. Ако молчам тоа значи дека ја поттикнувам вината и понижувањата што овие деца ги чувствуваат, а мислам дека тоа е потполно погрешно“.
Таа во интервјуто го обвини и нивниот татко дека ги злоставувал кога биле деца, а повеќе за нејзината исповед можете да прочитате тука.