Реклама
Холивуд

„Мајка го наговараше татко ни да не нé силува бидејќи сме изморени“

Реклама

Сестрата на Мајкл Џексон, Ла Тоја Џексон веќе има отворено зборувано за тоа дека Џо ја злоставувал и неа и нејзината шест години постара сестра Реби, а во последното интервју го потврди сето она што го имаше кажано порано.

Неодамна на социјалните мрежи се појави видео од Интерјуто на сестрата на Мајкл Џексон, Ла Тоја Џексон (62) кое таа го има дадено уште во 1991 година во телевизиското шоу „Live with Regis and Kathie Lee“.

Маркетинг

Ла Тоја неколку пати својот татко Џо Џексон го обвини дека наводно сексуално ја злоставувал во детството и дека се изживувал со единаесетте браќа и сестри. Таа потврди и дека за сето тоа знаела и нејзината мајка Кетрин.

Маркетинг

„Кога татко ти излегува од креветот што го дели со мајка ти и легнува покрај својата ќерка, па ја слушаш мајка ти како вели ‘Немој, Џо, не вечерва, уморна е, остави ја да се одмори’, тоа едноставно те излудува – напиша Ла Тоја во своите мемоари кои беа објавени во 1991 година.

Таа наводно имала 11 години кога силувањето започнало

„Не беше тоа само физичко злоставување, туку и ментално и сексуално. Реби се отсели од дома на 16 години само заради тоа“, изјави Ла Тоја и додаде дека Џо Џексон постојано ја злоставувал Реби.На прашањето дали Џо ја злоставувал и нејзината сестра Џенет Џексон (52), Ла Тоја одговори дека не знае бидејќи таа никогаш не зборувала за тоа.

 

„Со мене почна кога Реби се отсели. Живееш со тоа како ти нешто лошо да правиш и цело време ти е незгодно. Се срамев, цел живот ми беше срам да зборувам за тоа“, изјави и додаде дека нивната мајка уште во 1993 година се посомневала дека Мајкл Џексон ги злоставува децата.

Единаесетте деца не беа единствените што минуваа низ пекол заради Џо. Тој и својата сопруга Кетрин Џексон (88) ја изневеруваше цели 25 години со секретарката.

https://www.youtube.com/watch?v=9_1tGqn4jXc

 

 

Поврзано

Back to top button