Реклама
Престиж

За навлечените на Моќ – Land Rover Defender Twisted

Реклама

Новата верзија на легендарниот модел на прочуената марка на англискиот произведувач на теренски возила Land Rover Defender, доби нова верзија наречена Red Edition, “Twisted”, која ќе чини само 85 000 евра.

Инаку Twisted е компанија од Yorkshire која што започна да го ’дотерува‘ Rover-от пред само некои 10 години и од нивните свежи и нови идеи веќе започнуваат да излегуваат најновите плодови. И резултатот од нивните надградувања и експерименти е оваа верзија на Defender-от, Red Edition, кој уште на прв поглед изгледа деликатно, но вешто составен и во истовремено цврст како клин.

Маркетинг

Најверојатно очекувате под хаубата да се наоѓа една стандардна V8-ца, но 2.2 литарскиот turbodiesel мотор од моделот на 2012 Defender си останува. Но, како и да е, инженерите од Twisted го дотерале моторот така да продуцира екстра 45 КС повеќе и цели 350 вртежи во минута повеќе.

alt

Маркетинг

Перформансите се повторно импресивни –  AP Racing сопирачките многу лесно ја вкопуваат целата машинерија за земја, суспензијата на мторот е исто така одлично избалансирана со чувството кое го има шоферот додека управува со машината, браниците кои се скратени пак од друга страна на моделов му даваат поспортски изглед.

Внатрешноста е луксузна и во многу погледи супериорна и над конкуренцијата. Што значи ова? Вградено е озвучување и мониторски систем од американскиот производител и лидер на ова поле Alpine head unit, в при што на мониторот излегуваат и снимките од задниот дел на автомобилот. На ова се надоврзува седиштата Alcantara, кои што ги користат пилотите на сите модели на Renaultsports, па така при возењето на новиов Defender навистина ќе можете да се чувствувате како Indiana Jones, додека одите на риба или пак да ја вадите бавчата покрај реката.

alt

А за ова задоволство уште на почетокот напоменавме дека ќе треба да заработите некои добри 85 000 евра, пто и не е нешто бог знае што од живото на просечниот Македонец – само некои 20 години. Но присетете се, ни Indiana Jones своите авантури ги нема започнато како дваесет годишник. За сé си треба време и искуство.

alt
 

alt 

Поврзано

Back to top button