Реклама
Престиж

Најдобрите спортски автомобили на струја!

Реклама

Во продолжение ќе ви ги претставиме најдобрите спортски електрични автомобили.

Маркетинг

Станува збор за вистински „бомбони“ кога се автомобилите во прашање, за кои сме сигурни дека ќе ве освојат на прв поглед. Но, да почнеме по ред.

 Lighting GT 

Маркетинг

Овој суперавтомобил е произведен од англискиот производител на автомолили Lighting Car Company. Станува збор за 700 коњски сили кои се кријат под хаубата на овој ѕвер со кои може да достигне дури 210 км/час, а забрзувањето до 100 км/час го достигнува за само 4 секунди. Со наполнети батерии автомобилот може да премине околу 400 километри, а неговото полнење трае 10 минути. Еден Lighting GT чини околу 250.000 евра.

 Audi R8 e-tron 

Ауди е-тронот го движат 4 електромотори со вкупна сила од 315 КС. Ќе се произведат некаде околу 1000 примероци, а неговата просечна цена е околу 200.000 долари.

 Rimac Concept One 

Станува збор за еден од најсилните еклектрични автомобили со максимална брзина од 305 км/час. Произведен е во лимитирани 88 примероци и неговата цена се движи некаде околу 1 милион долари.

 PG Elektrus 

Ова електрично суперавтомбилче може да достигне забрзување до 100 км/час за само 3 секунди, а максималната брзина му е 300 км/час. Неговата цена се движи некаде околу 350.000 долари

 Fisker Karma 

Суперавтомобилот Карма има два електромотори од по 120 киловати, а максималната брзина му е 200 км/час. Неговата цена се движи некаде околу 102.000 долари.

 Fisker Atlantic 

Овој модел е наследник на претходниот, Фиксер Карма моделот, а неговите специфики се уште не се откриени. Се претпоставува дека ќе чини некаде околу 50 и 60 илјади долари, а покрај електромоторот ќе има и четвороцилиндричниот агрегат на BMW.

Поврзано

Back to top button