Реклама
Престиж

Сите сакаме Civic и тачка!

Реклама

Драги господа политичари, сега е доста! Прекинете со глупости и воведете не во ЕУ или најдете некој друг начин да дојдеме до некоја пара, or else…

Маркетинг

Она што за нас е „факат“, за вас е „матракука“ (за подетално објаснување на зборов, погледнете на vujaklija online). Имаме држава веќе 20 години, кој се обезбедил, се обезбедил – имавте повеќекратна можност да си го осигурате поколението за 10 генерации напред и да ги нахраните сопствените банкарски сметки во Швајцарија, Чешка или каде веќе и да се….Сега е време по малку да мислите и на другите! Затоа што што новата Civic прескокнува барем две генерации и ни ја носи иднината во секој детал, а за пишување и величење на дизајнот, моторот или возните особини едноставно немаме место во овој текст.

Имаме место за понекој апел до босовите од сите партии, да престанат да замараат со нивните лични интереси, затоа што време веќе нема. Што би рекле Кумановци: ДО ТУЈ Е РАБОТА!

Маркетинг

Сакаме европски стандард и европски плати уште од првата секунда од новата година, бидејќи и така и така работиме по 12 часа дневно. Сакаме по еден нов Civic за секој млад Mакедонец или било каков што живее во Македонија. А потоа и ние овде во редакцијата за нас ќе ја посакаме најубавата битолчанка, замотана во машничка на насловната страна на нашиот иден број од Shopping Magazine-от кој ќе излезе во Јануари. Кој ќе се препознае во текстот, слободно нека прати протестно писмо на нашиот mail…..

Хонда на Хондите на сите Хондетини!

Најбруталната Civic пристигнува наредната година со четири различни ознаки: SE, ES, EX и EX GT. Луѓето од Honda во неа ќе ги вградат сите најмодерни gadget-и и спортска технологија што постои, предводени од 2.0 ремек делото кое испорачува најголем број на вртежи во минута, од неверојатно 7 400, со сила на моторот од 200 КС. Оваа најпосакувана ѕверка на градските асфалти за наредната година ќе постави нови мерила во класата и уште еднаш ќе покаже зошто понекогаш колите ги сакаме повеќе од жените!

alt

alt

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button