Огласи
Огласи 2
Престиж

Seat Mii – ново пакување

Огласи 3

Целосно нова амбалажа, со нов пакет стил, Vibora Negra, беше лансирана за неодамна презентираниот нов модел на Seat, именуван како Mii.

И тоа само еден месец после официјалното претставување на новото мало градско возило Mii, шпанскиот производител ја покажува комплетното новата Vibora Negra едиција. Инаку, самото име што во превод значи ’Црна змија‘, инспирацијата за изгледот го зема од концептите на Ibiza Bocanegra и Mii FR.

Станува збор за мини верзија на веќе добро познатите модели на Seat, со слични, само намалени спортски перформанси, кои одлично се вклопуваат во идејата за мини градско возило кое лесно може да се спровне секаде во градскиот метеж, бргу да најде паркинг место и сето тоа со одлична подвижност.

alt

Не треба ни да споменуваме дека за моторот се задолжени Германците од Volkswagen. Има скромна зафатнина на моторот од 1 100 кубни сантиметри, но и еднакво мала потрошувачка од само 3.5 литри на 100 километри.

alt

Се очекува и цената од само нешто над 8 000 евра да ги привлече потенцијалните купувачи. Можеби откако ќе ги видите фотографиите и вие ќе се вклучите во оваа групација.   

alt 

Маркетинг

Поврзано

Back to top button