Реклама
Престиж

SCION xA – Кола, кино или само конзола?

Реклама

Веќе неколку години постои овој производ како создаден за младите кои нон стоп се во движење, но ние дури сега ви го претставуваме. Како и да е, оваа ствар истовремено е и автомобил и домашно кино со full surround, а служи и како конзола.

Маркетинг

Малата фирма Scion, специјализирана за концептуални автомобили, пред некоја година ни го покажаа малиот roadster, наречен xA, чија што единствена цел е да предизвикува внимание на специјализираните саеми за егзотика. А како на друг начин да се објасни податокот дека никаде не се споменуваат техничките карактеристики на возилото (а верувајте ни, се потрудивме да ги пронајдеме), но затоа доста детално се објаснува како xA во себе крие Pionеer 5.1 surround состав, DVD мултимедија, GPS, три linkane Xbox 360 конзоли, безжични MadCatz контролори, додатен волан за конзола, два widescreen монитори и проектор кој што проектира слика на платно прицврстено на долната страна на хаубата.

Не знаеме за вас, но ние таков автомобил никако не можеме да го наречеме озбилен, но секако ќе му го дадеме атрибутот посакуван, посебно за време на летните месеци и чекање во секакви гужви.

Маркетинг

Со притискање на типката, хаубата се подига, се пали конзолата, па проекторот и време е за круг – два Forza Motorsport, таман до следното поместување на колоната за 15 сантими. Освен тоа, xA добро доаѓа и за излет во природа, откако ќе ви се ’згади‘ од сите зајаци, птичурини и останатите ’нападни‘ животињи! Секако, идеален е и за сите облици на виртуелен урбан ексапизам, како и за авантуристички прошетки во сомнителни населби чии што жители знаат да ценат вака атрактивен поклон за нивната опасна и тешка трговија.

Како негативни страни го издвојуваме автоматскиот менувач кој што го расипува спортскиот дух на автомобилот и неуверливиот дизајн кој што недвосмислено е украден од Cadillac, Opel и Hyundai. Но, таков каков што е, xA беше предизвикал големо интересирање на стручната јавност, што значи дека многу малку говори за јавноста, а повеќе за нејзината ’стручност‘. Но, за тоа во некоја друга прилика.

alt

alt

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button