Престиж

Саем во Пекинг: FERRARI HY-KERS

После сите значајни моменти и презентации на кинескиот спектакл на Саемот во Пекинг 2012, дојде редот и на Ferrari кои го презентираа новиот хибриден мотор.

Одговорните од Ferrari велат дека главната цел која стои позади овој систем е зголемувањето на севкупната моќност, а во исто време да се намали емисијата на штетни CO2 гасови.

Моторот V12 на Ferrari содржи двоен систем на менување на брзините, кој што е постигнато со комбинирање на два електрични мотори. Технолошките предности од F1 биле фундаментот за дизајнот, моториката и конструкцијата на целиот систем, посебно во делот на вртежните моменти на моторот, контролата на преносот на брзините, кочниците и зачувувањето на енергија. 

Првиот мотор кој што е поврзан со менувачот носи дополнителна сила на тркалата, додека вториот независен мотор ја надополнува  загубената кинетичка енергија за време на намалувањето на брзината. Крајниот резултат е моментален и непрекинат пренос на моќност помеѓу електричниот и старомодниот бензиски мотор. 

Еве како тоа изгледаше во кинеската престолнина:

{youtube}=_Td6YunN_Dw{/youtube}

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine бесплатно на Facebook!

Врати се на првата страна.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button