Реклама
Престиж

Русите му објавија војна на Google

Реклама

Русија влегува во трка со најпознатиот светски пребарувач Google.

Маркетинг

Престижниот руски институт од Уноверзитетот за нуклеарни истражувања во петокот објави дека е развиен оперативен систем за мобилни уреди кој веќе е сертифициран на ниво на Руската Федерација. Станува збор за оперативен систем за таблет-компјутерите и „паметните“ телефони, кој треба да му биде конкуренција на Андроид-от, кој потекнува од лабараторијата на Google.

{simplepopup}

Маркетинг

{/simplepopup}

Станува збор за оперативниот систем РОМОС, кој ги има сите можности како и Андроид, само што личните податоци на оние што ќе го користат нема да ги праќа во штабот на Google.

Прототипот на ваквиот таблет-компјутер опремен со оперативниот систем РОМОС му беше демонстриран на потпретседателот на Владата на Руската федерација, Димитрие Рогозин на саемот во Берлин. Но, според претседателот на Институтот за стратешки проценки, Александар Коновал, едно е да се направи прототип, а нешто сосема друго е масовното производство, нешто за што Русија се уште ја нема потребната електронска индустрија.

Поврзано

Back to top button