Реклама
Престиж

Porsche Cayenne 2011

Реклама

Новото Porsche Cayenne SUV од 2011 навистина се покажа како многу поголем шизик од претходниот модел и не е случајно што Германците не сакаа така лесно да го покажат, а уште помалку да ги дадат деталите и спецификациите за него. Кој знае, можеби во тие моменти планираа и се спремаат за нова војна?!

Маркетинг

Како и да е, благодарение на нашата склоност кон германските автомобили, некако успеавме да дојдеме до фотографиите од Cayenne, додека истиот беше испробувам по улиците на еден Дојче град! По некоја случајност се сетивме дека ги имаме ставено некаде, во некое ќоше, заедно со информациите за него и решивме сега да ви ги покажеме во целост!

Според она што се зборува помеѓу луѓето кои ја имале таа привилегија да го видат во живо, што се однесува до ентериерот, моделов има силно влијание од (исто така) новиот Porsche Panamera, па така слободно може да се каже дека Cayenne 2011 има поприлично подобрена внатрешност во однос на неговиот претходник од 2009, направена од висококвалитетни материјали. 

Маркетинг

Инаку новиот Cayenne располага со вистинска палета на избор кога станува збор за моторот – бензинец, нафташ и секако хибрид. Бензискиот модел го има истиот 4.4 литарски V8, како и кај Panamera-та, кој што развива сила од 400 коња, додека најмоќниот дизел е со силина од 4.8 литарски би-турбо, исто така V8 од Panamera Turbo, со 500 KS. Но кај дизелите има и поскромен модел со Volkswagen V6 TDI мотор, со ’бедни‘ 240 КС и 550 Nm вртежни моменти, со само мали измени и подобрувања. А и кај хибридот исто така не се замарале многу со измени во однос првиот Cayenne S hybrid од 2010г., па така моторов во овој случај е скоро комплетно непроменет. Моќта на хибридов му доаѓа од AUDI supercharged 3.0, V6, кој што продуцира 333 КС и е поврзан со трофазен, синхронизиран електричен мотор, кој што ја прима енергијата од 38 kW NiMH акумулатор, лоциран на истото место каде што се наоѓа и резервното тркало. 

Па, мислиме дека ова ви се доволно информации за да ја заскокоткаат вашата љубопитност по SUV-то на една од најдобрите марки за автомобили во светот!

alt  

alt  

alt  

alt

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button