Огласи
Огласи 2
Престиж

Почина Пинифарина, најпознатиот дизајнер на Ферари

Огласи 3

Во вторникот, на 3 јули, на 85 годишна возраст, почина легендарниот италијански дизајнер на автомобили Серџо Пинифарина.

Станува збор за дизајнер кој што е заслужен за многу модели на Ферари, меѓу кои и моделите Ferarri Daytona Spider, Ferrari Testarossa, FIAT 124 Sport Spider, FIAT Dino Spider и Maserati GranTurismo. Покрај соработката со Ферари и креирањето на едни од најубавите модели за оваа автомобилска куќа, Серџо Пинифарина има соработувано и со производителите на автомобили како што се Пежо и Митсубиши.

Роден е во 1926 година во Торино, а во 2005 година беше прогласен за доживотен сенатор на Италија. 

Серџо Пинифарина покрај тоа што ги креираше едни од најубавите италијански спортски модели, беше и голем подржувач на новите технологии и е еден од првите кој што го подржа намалувањето на емисиите на штетните гасови во воздухот.

Види ја нашата нова WELCOME страница на Facebook.

Врати се на првата страна.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button