Реклама
Престиж

Peugeot 20Cup: Може и на три тркала

Реклама

Кога се спојат автомобил и мотор, се добива 20Cup.

Маркетинг

Кога во 2005 г. за прв пат го претставија на саемот во Frankfurt, Peugeot најавија дека на основа на овој концепт на три тркала, наскоро ќе се појави и болид за престижната трка „24 часа Le Mans“, во кој до тогаш француската лавица учествуваше само како испорачател на моторот за момците од PlayStation Pescardo. Е сега, да не ве давиме со нашите неицрпни знаења за автоспортот, ќе споменеме само како Le Mans најчесто означува почеток на влезот во F1 циркусот, од кој Peugeot има излезено пред повеќе од една декада, а оние што го пратат спортот, добро знаат дека се уште ги нема на видик на стазите. По тоа можете да заклучите дека и моделов не доживеа некаква  слава, но сепак тоа не значи дека не стануваше збор за интересна идеја. Затоа и ќе напишеме некој ред за неа.

Симпатичниов двосед го движеше бензинец од 170 коња, а се управува со дебело, задно тркало, наместо предно. Сигурно ќе ви се допадне информацијата за 6 степенскиот полуавтоматски менувач, како и фактот дека 20Cup никогаш не беше ни планиран за продажба. 

Маркетинг

Смислата на постоење на овој автомобил беше осигурување на што е повеќе место во автомобилските магазини за Peugeot, а факт за тоа е што и после неколку години, вие читате за него во Stipka.com.mk. Затоа им честитаме (по кој знае кој пат) на Peugeot за добро извршената задача по маркетинг. Помалку не имаше одушевено ’инвентивноста‘ (затоа што од Mercedes, 10 години пред овој модел, претставија концепт на три тркала), но затоа пали општиот доем кој што 20Cup го предизвикува, кој што може да се опише со едноставна реченица: „Го сакам овој!“

alt

alt

alt

Сакате секс? Брзи коли? А сеир?
Приклучете се на нашата Facebook страница и сето ова го добивате гратис!

Врати се на првата страна.

Поврзано

Back to top button