Престиж

Новото BMW X1

Баварците го покажаа новиот ’фејслифтинг‘ на нивниот X1 Crossover. Во овие нови ’апдејти‘ се вклучени доправен и дошминкан стил на екстериерот, нова серија на дизел мотор и секако нови спортски додатоци во опремата…

Што се однесува до стилските промени, Х1 содржи нови LED предни светла, пониска предница и нова боја на легурата на бандажите. А кога станува збор за моторот, сите модели на 2012 X1 се дволитарски со четири цилиндри, турбо дизел единици, достапни во разни нивоа на јачина. Основниот модел на Х1 е со заден погон sDrive18d, придвижуван од 141 КС, додека моделот со погон на сите четири тркала xDrive25d има има силина од 215 коња, иако исто така го движи дволитарски мотор – но тоа веќе го кажавме! На ова се надодаваат и сите нови еколошки стандарди и мала количина на емисија на штетни гасови, бла, бла, дрн, дрн…

Она што е поважно за сите прави љубители на вакви ѕверови е дека до стотка иде за 6.8 секунди, а максималната брзина му е 232 km/h. Значи, повторно како и во претходната верзија на моделов (која секој што ја знае, а ние ја знаеме, но нема сега повторно да го тапиме со неа) X1 се движи по тенката линија помеѓу SUV возилата и спортските перформанси. Екстра изглед, одлична брзина со која лесно се примамуваат плавуши со @#ξ#, нуди одлични можности за indoor интимни активности и што уште повеќе човек да посака? Само околу 30 000 евра на лото! „Дај му на човекот Натали, ДАЈ МУУУ!

alt

alt  

alt 

Врати се на првата страна.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button