Престиж

Ново Suzuki – со став!

Новиот модел на Suzuki Swift носи звучно подиме – “Attitude”. И според она што нашите експерти успеаја да го пронајдат за него, изгледа и звучи навистина спремно и со јасен став околу некои работи…

Инаку станува збор за поприлично едноставна кола, мал супермини автомобил со 1.2 литарски мотор и со погон на предните тркала – значи не треба да очекувате да го поминете наредниот Mercedes на семафорите! 

Како карактеристики, ги носи со себе сите современи еколошки спецификации за минимално загадување на околината и слично, силината на бензискиот мотор му е 93 коња, во внатрешноста има 7 воздушни перничиња, ESP способности (но не оние телепатските), клима уред, бандажи од 16 инчи, направени од легура, а материјал од карбонски влакна е користен при правењето на покривот и огледалата на вратите. 

alt

Со тежина од нешто повеќе од еден тон и споменатата скромна моќност на моторот, Suzuki Swift Attitude до стотка оди за 12.3 секунди, а максималната брзина му е 170 km/h. 

alt

Значи, се на сé, автомобил за секој просечен и напатен Македонец, кој за да си ги дозволи ’перформансите‘ на овој јапонски примерок, ќе треба да се задолжи и го отплаќа 6, 7 години за некои 11 000 евра за модел со три врати и 12 000 за оној со пет. 
  

alt

Види ги најдобрите попусти од Македонија за оваа недела тука ».

Врати се на првата страна.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button