Престиж
Новиот Lamborghini Aventador LP 700-4 Roadster

Познатиот италијански производител на суперавтомобили може да се пофали со новиот Aventador модел – LP 700-4 Roadster.
Во Lamborghini добро знаат дека од суперкола со V12 мотор може да биде само кабриолет моделот на суперкола со V12 мотор.
Значи, под хаубата се крие веќе споменатиот 6.5 литарски V12, со 700 КС и 690 Nm момент на вртење.
Забрзувањето од 0 до 100 km/h го постигнува за 3 секунди, а максималната брзина му е 350 km/h. необичната боја на автомобилов го менува тонот во зависност од осветлувањето, а кровот му е тежок само 6 килограми, па е доста лесно да се симне и рачно.
Цената на овој преубав Lamborhini Aventador LP 700-4 Roadster е 300 000 евра!