Реклама
Престиж

Новиот Jeep Grand Cherokee SRT

Реклама

Jeep Grand Cherokee SRT e новиот американски фаворит кој што би требало рамноправно да им се спротивстави на европските ривали Porsche Cayenne и BMW X5M, со својот моќен V8 мотор, но и со цената…

Маркетинг

Како ви звучи 6.4 литарски HEMI V8 мотор, со 461 КС? Мислиме дека нема многу мотори кои можат да се пофалат со ваков карактер, кој предизвикува ’вулканска ерупција‘ од под хаубата кога забрзува и така нежно ’предење‘ кога ја намалува брзината. Забрзувањето од 0 до 100 му е за точно 5 секунди!

Во него е вграден и новиот, таканаречен Selec-Track system, кој што им овозможува на шоферите да ја менуваат поставеноста на амортизацијата, воланот и реакцијата на педалото за гас. 

Маркетинг

alt

Значи, ова SUV возило на Jeep е брзо, моќно, удобно и жестоко…едноставно кажано, сé што и се очекува од автомобил кој што изгледа како вистински bad mothafucka – што всушност и é. Но сепак, според динамичните перформанси и квалитетот на ентериерот, се уште е далеку од најголемите конкуренти Cayenne или X5M кој веќе неколку години му го имаат одземено приматот. Но сепак, Grand Cherokee SRT има една голема предност на пазарот, а тоа е неговата цена од 65 000 евра, во однос на скоро 100 000 на Cayenne или 90 000 на X5M.

alt 

alt

Види ја нашата нова WELCOME страница на Facebook.

Врати се на првата страна.

Поврзано

Back to top button