Огласи
Огласи 2
Престиж

Нова Mazda MX-5 – со ’фејслифтинг‘

Огласи 3

Новата верзија, после ’фејслифтинг‘ на Mazda MX-5 беше разоткриена, а на светскиот пазар ќе се појави при крајот од оваа година…

Mazda започна со производство на надградената верзија на серијата MX – 5 во фабриката во Hiroshima и планира истата да му ја претстави на светот на саемот за автомобили во Paris.

Од механичка гледна точка, многу малку работи се променети. Најголемите разлики ќе бидат во ревидираните педала за гас и на сопирачките, за кои се вели дека ќе бидат уште поосетливи на допир. Инаку со масовен напад на пазарот со моделов MX-5 се планира да се направи во текот на наредната година. А како главни оружја се планира да бидат turbocharger 1.5 литарски SkyActiv мотор, но се планира да се задржат и верзиите со 1.8 и 2.0 литарски мотори.

alt

{simplepopup}

{/simplepopup}

Промените на екстериерот се минимални, но новиот браник со големи решетки се очекува да донесе позитивна промена во погледот на остатокот од кабината. За да се подобри нивото на несреќи при судир во градски услови, каде што се присутни многу пешаци, Mazda најавува нова, прилагодлива хауба (ние и покрај нашето енциклопедиско знаење за коли, немаме блага врска што може да значи ова). Што се однесува до ентериерот, промените повторно се очекува да бидат минимални и воглавно се однесуваат на воланот за управување. Погледнете како отприлика го замислуваат тоа одговорните во Mazda.

alt   

alt

alt

Маркетинг

Поврзано

Back to top button