
„Концептот на Khalfi Oussama за BMW – Badget X9 e една страшна и агресивна машина.“
Инаку самиот дизајн е само инспириран од автомобилот на легендарниот стрип јунак, а не е правен за еден од новите филмови за него. Има крајно агресивни линии, извајани облини и естетско брутален преден дел, кој и без најмало сомневање ќе привлече внимание на улица.
Иако овој туниски дизајнер ги промовираше и своите технички спецификации околу комплетниот дизајн и концепт на BMW – Badget X9 (за кои подетално ќе објавиме во наредна прилика) сепак се надеваме дека сето тоа нема да остане само фантазија. Сега за сега, погледнете ги фотографиите од она што може да се очекува од Баварскиот производител за некоја година.
За останати текстови, кликни тука!