
„Новото метро, односно подземната железница во Dubai е комплетно автоматизирана, без шофери…“
Црвената линија е веќе делумно функционална, Зелената е се уште во изградба, а исто така се планирани и други линии, кои ќе циркулираат низ целата Арапска метропола. Првите две линии поминуваат во подземјето на центарот, а на одредени места, етапно се качуваат до површината. Сите возови, како и станиците се климатизирани, со автоматизирани врати на секоја платформа, за сето тоа биде возможно.