Реклама
Престиж

Нов, дошминкан Jaguar XJ Supersport

Реклама

Нова – нешто побрза – верзија на supercharged-от Jaguar XJ Supersport, во која моќта и силината му останува иста, но има некои мали козметички промени во брзинскиот пакет, па така лимитацијата на брзината му ја имаат накачено од 255 Km/h. на 290 km/h. 

Маркетинг

Инаку кога станува збор за техничките спецификации, помалку или повеќе, станува збор за веќе познатиот XJ Supersport (инаку нам, еден од неколкуте омилени модели…) со сила која доаѓа од 5 литарскиот V8 мотор кој има 510 КС. Промените се лимитирани за да се задржи истиот шмек кој се покажа како успешен, па така кабината има само мали технички досоувршувања кои според производителот, ја зголемуваат аеродинамиката кај колата за цели 40 проценти од стандардниот модел, плус уникатни тркала и бандажи со форма на шестар. И тоа би било отприлика тоа!

Инаку вожњата скоро по ништо не може да се  каже дека е поразлична од стандардниот модел, барем не за комплетните лаици – што значи со исклучок на екстрапознавачи како нас, 99% од популацијата! Тоа значи дека само што ќе седнете во него веднаш ќе го осетите перфектниот звук на моторот (не дека во внатрешноста на оваа кола поразлично би се чувствувале и со мотор од Hundai, ама ај сега…), буквално ’клиза‘ при менувањето од брзина во брзина, па така нема ни да забележите кога по угорници и удолници сте забрзале од 70 на 160 и обратно. Плус па и навистина каде и да поминете, кој и да ве види, ќе можете да се правите „Енглез“ во секоја прилика!

Маркетинг

alt  

alt  

alt  

alt

Врати се на првата страна.

Поврзано

Back to top button