Престиж

Нajтенкиот Смартфон досега

Како што технологијата оди напред, така и телефоните се намалуваат: 12mm, 10mm, 8mm… па така најтенкиот досега е 6,65mm. Телефонот не доаѓа од Apple, HTC или некој друг познат производител, туку од кинескиот бренд OPPO, а името на телефонот е OPPO Finder.

Доаѓа со Android 4.0 Ice Cream Sandwich и работи на двојадрен процесор на 1.5Ghz и има 16GB внатрешна и 1GB RAM меморија. Од напред го краси 4,3 инчен Super AMOLED Plus дисплеј и камера од 1,3 мегапиксели, додека главната камера од 8 мегапиксели се наоѓа на задната страна.

alt

Освен што е најтенок телефон досега, тој е и мошне привлечен. Тој на пазарот се појави во јуни, а првичната цена изнесуваше 600 долари.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button